Ленинград – убав и брз автомобил од времето на СССР (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот со специфично име „Ленинград“ стои запишан во автомобилската историја на поранешниот СССР како посебен. Иако автомобилската продукција во СССР никогаш не се одликуваше со дизајн, но автомобилот „Ленинград“ дефинитивно се одделуваше од другите и го заслужува своето внимание.

Се работи за автомобил произведен во 1956 година од инженерот од фамилијата Бабич. Со правењето на овој автомобил го покажува своето гледање на класичните автомобили, а создава перфектно возило.

Користи мотор од ГАЗ-12 со шест цилиндри, а истиот располага со моќност од 90 коњски сили.
Тестирањето е правено и на издржливост, а се покажал како можен автомобил. За 20 часа биле извозени 2125 километри, а на некои делови развил брзина од над 180 километри на час.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK