недела, 25 декември, 2025 година

Легендата се враќа без звук – новиот Lexus LFA Concept

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Името LFA повторно се појави во портфолиото на Lexus, но овојпат приказната е поинаква. Наместо наследник на легендарниот атмосферски V10, брендот избра радикален пресврт – новиот LFA Concept е целосно електричен суперспортски модел, без мотор со внатрешно согорување.

Концептот беше претставен заедно со Toyota GR GT и го дели истиот технички темел – специјално конструирана алуминиумска платформа што служи и за новата суперкола на Toyota. Тоа значи дека Lexus реално имал опција да го користи новиот V8 битурбо хибриден погон, но свесно избрал да отиде во целосно електрична насока, со јасен фокус на иднината на брендот.

- Advertisement -

За разлика од GR GT, каде Toyota отворено зборува за моќност и перформанси, кај LFA Concept владее воздржаност. Нема официјални бројки за киловати, капацитет на батерија или забрзување, освен дека станува збор за високоперформансен електричен погон. Она што веќе е јасно на голем број фанови е дека една работа не може да се реплицира – звукот и карактерот на стариот атмосферски V10, поради што многумина новата генерација ја гледаат како „емоционално осиромашена“.

Дизајнот е попрецизен и поелегантен отколку кај остриот GR GT. Линиите се чисти, профилот е пофлуиден, а пропорциите типично суперспортски, со ниска каросерија и широка поставеност. Кабината изгледа значително пофутуристички и по концептуална во однос на пофункционалниот ентериер на Toyota, со јасна намера LFA Concept да изгледа како студија, а не како прототип подготвен за производна линија.

Фактот што студијата е преименувана во LFA Concept е силен сигнал дека сериска верзија многу веројатно ќе го носи името на второ поколение LFA. Временската рамка за пазарно деби сè уште е непозната, но пораката е јасна – Lexus сака да ја пренесе аурата на LFA во нова, електрична ера, дури и по цена да се откаже од најиконичниот дел од оригиналот – моторот и неговиот звук.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја