Легендарниот BSA се враќа во живот

ОБЈАВЕНО НА:

На повидок е рестартирање на британскиот производител BSA откако Mahindra го купи во 2017 година.

Станува збор за компанијата Birmingham Small Arms Company која е основена во 1861 година, а која престана да функционира 1973 година.

Како што кажува и самото име на оваа компанија, истата најпрво е формирана за производство на оружје, а потоа го проширува делокругот на активности и во производството на велосипеди, мотоцикли и автомобили.

Mahindra сега ќе ја рестартира, но само дивизијата за производство на мотоцикли. За таа цел, таа најпрво плати 4,6 милиони фунти на Владата на Велика Британија, а покрај таа сума, во наредниот период ќе инвестира стотици милиони фунти.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK