По цели 55 години најпознатиот автомобил на Џејмс Бонд повторно е во производство. Станува збор за легендарниот Aston Martin DB5.
Станува збор за производство со ограничена серија односно ќе бидат произведени само ограничен број на примероци. Овие новопроизведени примероци ја носат назнаката Goldfinger Continuation.
Од британскиот производител откриваат дека за секој примерок потребно е да се изврши 4.500 часа работа, а ќе бидат произведени точно 25 примероци. Поради тоа, но и историската вредност и популарност, цената на еден примерок изнесува 2,75 милиони британски фунти и тоа без ДДВ.
Под хаубата овој автомобил доаѓа со 4,0 литарски атмосферски шест цилиндрен мотор со моќност од 290 КС. Менувачот е рачен, исто како и кај автомобилот од 1964 година, додека пак поогнот е на задните тркала.
Од Aston Martin додаваат и дека првите испораки ќе се случат кон крајот на оваа година.