„Лавчето“ со награда: Peugeot 3008 прогласен за автомобил на годината во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Во истиот ден кога PSA групацијата објави дека го купуваат Opel за 2,2 милијарди евра, со што станаа втор најголем европски производител дојде нов повод за славење. Моделот Peugeot 3008 ја доби наградата за „Автомобил на годината во Европа за 2017“.

Оваа престижна награда за Peugeot 3008 доаѓа во време кога моделот веќе има добиено над 20 други различни награди. Ова е петти модел на Peugeot што ја добива оваа награда, и прв СУВ.

Досега над 100.000 купувачи се решиле за моделот 3008. Ова е вторпат за три години модел на Peugeot да ја освои наградата, откако истото го направи и Peugeot 308 во 2014 година.

Европското жири е составено од 58 новинари од 22 земји. Моделот освои 319 бодови и 21 прво место од жирито. Беше тесна трка со Alfa Romeo Giulia која освои 296 бодови и 19 први места, а на третото место е Mercedes E-class со 196 бода и 12 први места.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK