Laura ќе биде гласов асистент за Skоdа Sсаlа и Kаmiq

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на автомобили од Чешка, Skоdа го претстави сопствениот гласов асистент. Laura разбира шест јазици и дури разликува и дијалекти, но можностите допрва ќе се збогатуваат и усовршуваат.

Гласовиот помошник се активира со изговарање на фразата „ОК, Lаurа”. Може да се планираат маршрути, да бара песна во медијатеката и да чита дојдовни пораки.

Во прво време, Lаurа ќе се снуди само со компактниот хечбек Sсаlа и градскиот кросовер, Kаmiq. Од услугите на гласовниот асистент ќе можат да имаат корист сопствениците кои зборуваат: англиски, германски, француски, шпански, италијански или чешки јазик.

Системот располага со сопствена SIM-кaртичкa, блaгoдaрeниe нa која може да се бараат непознати зборови на интернет. Во иднина Lаurа ќе добие повеќе функции меѓу кои ќе биде и функцијата за самообучување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK