сабота, 25 декември, 2025 година

Лани во Македонија биле увезени 32.278 возила – повторно предничат половните

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Вкупно 32.278 возила се увезени во Македонија во текот на целата мината година што и покрај пандемијата од коронавирусот, остварен е повеќе од солиден увоз.

Од оваа бројка 5.172 се нови патнички автомобили што е за 1.169 помалку во однос на 2019 година, но повеќе од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016 година.

- Advertisement -

Голем апсолутен, но и процентуален пад се забележува кај увозот на употребувани патнички автомобили. Така во текот на целата мината година се увезени 23.880 возила што е пад од точно 14.700 во однос на минатата година. Во текот на 2020 година увезени се и 792 нови товарни моторни возила, 2.233 употребувани товарни моторни возила, 49 нови автобуси и 152 употребувани автобуси и минибуси.

Во однос на вкупната бројка на увезени возила, во 2020 година се за 16.691 возило помалку, но на пример повеќе од 2017 година кога беа увезени 31.486 возила.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја