Инженерите на Jаguаr Lаnd Rоvеr избраа нов вид на тестирање за дизајнот на Dеfеndеr. Тие на 3D-принтeр испечатиле точна копија на шепа на лабрадорот Јоги за да можат на неа да ја тестираат издржливоста на СУВ возилото од сите страни.
Технологијата, наречена RоbоYоgi, овозможува да се тестира издржливоста на задниот браник на кучешки нокти. Првите тестови покажуваат дека оваа зона од каросеријата на британското СУВ подложена на системски притисок може да издржи десет години постојан животински притисок.
За да се постигне автентичност, инженерите минале серија на претходни мерења. Лабрадорот Јоги од центарот за кучиња-водачи скокал во и од багажникот на Defender за да може движењата да му бидат систематизирани по специјална шема за мерење на натиснувањето.
3D-копијата од шепата на Јоги била снабдена со федер за да се симулира скокот на вистинско куче. Испитувањата минале во 5000 циклус, во кој RоbоYоgi удирал во браникот на десет различни места.