Land Rover прославува 1 милион продадени примероци од Range Rover Sport (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Land Rover објави видео во кое главната улога ја има моделот Range Rover Sport и со истото го означува јубилејот од 1 милион продадени примероци од овој модел.

Се започна во 2005 година кога и официјално во производство влезе овој модел кој се развиваше под кодното име L320, а кој беше инспириран од концептот Range Stormer претставен на саемот за автомобили во Детроит претходната година.

Првата генерација се произведуваше цели осум години, за во 2013 година бите претставена новата, втора генерација, откако претходно, во 2009 година беше претставен и фејслифтот на првата генерација.

Втората и актуелна генерација беше премиерно претставена на 27 март 2013 година во рамките на саемот за автомобили во Њујорк. Дојде со значително изменет дизајн, а за тоа најголема заслуга има дизајнерот Гери МекГуверн.

Во 2017 година беше последниот фејслифт на овој модел кој би требало да добие наследник веќе следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK