Land Rover подготвува „baby land rover” како конкурент на Јееp Renegade

ОБЈАВЕНО НА:

Land Rover планира да ја зголеми понудата на SUV возила воведувајќи го најмалиот, димензионално, свој SUV.

Станува збор за коија на моделот Defender, но во помали димензии со што практично ќе му конкурира на Jeep Renegade.

Во јавноста не се откриваат многу информации, а британскиот магазин WhatCar е единствениот кој излезе со првите неофицијални информации. Според магазинот, овој мал кросовер ќе биде опремен со 1,5 литарски трицилиндрен мотор, а во понудата ќе дојде и со plug-in хибридна верзија.

Во производство треба да се појави во текот на 2022 година, а почетната цена ќе изнесува околу 25 илјади фунти, што е далеку повеќе од Jeep Renegade.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK