Land Rover поддржува олимпијци за остварување подобри резултати

ОБЈАВЕНО НА:

Олимписката федерација на САД и британскиот производител Land Rover потпишаа договор за спонзорство на олимписките тимови на оваа земја.

Овој договор го потпишаа првите луѓе на олимписката федерација и Land Rover, а своето задоволство не го криеше Ким МекКалог, маркетинг директорот на Jaguar Land Rover North America кој изјави дека ова е иделана шанса за маркетирање на моделите на Land Rover на северноамериканскиот пазар.

Логото на Land Rover ќе се најде на опремата на олимпијците, а во подготвителните натпревари и тренинзи во самите спортски сали и други спортски објекти и терени ќе биде изложен и новиот Rang Rover Defender.

Ова возило ќе го возат и спортисти и технички персонал на ски тимовите на САД, а истата привилегија ќе ја имаат и сноубордистите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK