Land Rover ќе повлекува возила поради грешка во електриката

ОБЈАВЕНО НА:

Американската агенција за безбендост во сообраќајот (NHTSA) издаде налог до Land Rover за повлекување на спорни возила поради грешка во електриката.

Како што објави NHTSA, проблемот во MOSFET трансисторот кој може прегрее при напојување на 48 волтен систем. Овој транзистор при тоа е изработен од страна на компанијата Yazaki Europe LTD од Велика Британија, а засега не е јасно дали истите се вградени во возила од другите брендови.

Британскиот производител во наредниот период од американскиот пазар ќе мора да ги повлече, со цел фиксирање на проблемот, возилата произведени оваа година од моделите на Discovery Sport и Range Rover Evoque, опремени со милд-хибриден систем.

Според проценките на американските власти, на улиците низ САД возат 3.048 спорни возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK