Land Rover го патентира името Road Rover

ОБЈАВЕНО НА:

Концернот Jaguar Land Rover поднесе барање за зачувување на правата над името Road Rover, а така би требало да се нарекува целосно новиот модел кој нема да биде ниту СУВ ниту кросовер туку седан или комби со зголемена теренска можност како Audi A6 Allroad и Volvo V90 Cross Country.

Медиумите на островот тврдат дека Road Rover ќе стане првиот целосно електричен автомобил во историјата на Land Rover. Секоја од оските ќе биде придвижувана со сопствен електромотор, а со едно полнење возилото ќе може да помине околу 500 километри.

Името Road Rover не е ново за британскиот бренд. Во текот на 50-те години на минатиот век така се нарекуваа серија на прототипови, кои по идеја треба да ги комбинираат офроуд можностите на Land Rover Series 1 со комфорт и патничко однесува на лесен автомобил. Меѓутоа овој проект не беше развиен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK