Најголемиот британски производител на автомобили JLR (Jaguar Land Rover) објави дека активно се вклучува во борбата против коронавирусот во Велика Британија.
Компанијата на располагањe ќе стави 160 возила на употреба во глобални рамки, а на британскиот Црвен Крст му донираше 27 примероци од Land Rover Defender.
Овие возила ќе бидат користени за достава на медикаменти како и на храна на изнемоштени лица низ Велика Британија.
Придонес во борбата против коронавирусот преку производство на респиратори и заштитни маски дадоа и Fiat, Ferrari, GM, Ford, Lamborghini, SEAT…