Land Rover Defender за товарање (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од Land Rover раширија нова информација за специјалната леснотоварна верзија на целосно новата генерација на легендарниот Defender, кој ќе биде лансиран на пазарот подоцна во текот на оваа година.

Од Land Rover споделуваат дека леснотоварниот Defender, достапен во верзиите Defender 90 и Defender 110 на своите корисници ќе им понуди бескомпромисни параметри, а во тие бројки впечатливо е однесувањето на патот надвор од стандардните патишта.

Леснотоварниот Land Rover Defender, за кој се очекува цената да стартува од 35.500 фунти, ќе понуди и иновациски решенија во однос на модулноста и удобноста во внатрешноста.

Ќе понуди можност за товар до 3.500 килограми, високотехнолошки систем за зголемување на безбедноста при слична употреба, можност за спроведување на Defender 110 со адаптациска воздушна суспензија, растојание од патот од 291 мм, можност за спроведување на предниот ред седишта со три позиции на седење, интернет поврзаност со новиот борд инфокомуникациски и мултимедиски систем Pivi Pro и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK