Lamborghini за саемот во Франкфурт подготвува хиперавтомобил со 1000 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот во Франкфурт годинава најверојатно ќе биде збогатен со новиот таканаречен хиперавтомобил, кој би требало да биде претставен од страна на Lamborghini. Со овој новитет Lamborghini ќе ја отвори својата врата за електрификација на идните модели.

Според наводите на Autocar од Велика Британија, кој се повикува на инсајдерски извори, Lamborghini во Франкфурт ќе го претстави возилото кое ќе биде со ограничено производство и чија цена ќе ја надминува сумата од 2 милиони евра. Овој автомобил ќе го придвижува хибриден погонски склоп чија основа ќе биде составена од мотор бензинец V12.

Споменатиот извод наведува дека податоците за перформансите засега не се достапни, но и дека возилото под ознаката LB48H веќе е претставена пред потенцијалните купувачи. Со други зборови овој модел би можел лесно да биде распродаден и пред возилото да биде претставено пред широката јавност.

Lamborghini ќе го искористи LB48H за промоција на предноста на хибридниот погон, а во дел ќе биде и најава за наследник на моделот Aventador. Самиот дизајн веројатно ќе биде под влијание на Terzo Millennio (на фотографијата), а што се однесува до погонот гласините упатуваат на употреба на дури три електрични мотори и комбинирана сила од околу 1000 коњски сили. Ова е доста голем поаст во однос на Aventador SVJ кој развива сила од 770 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK