Од Automobili Lamborghini објавија дека за време на првиот тематски настан Days of Speed на замрзнатото езеро Бајкал бил поставен нов рекорд од Urus на 1000 метри (со старт од место).
Луксузниот спортски СУВ модел на Lamborghini бил управуван од 18-кратниот рекордер на Days of Speed, Андреј Леонтиев, кој за време на тестот успеал да развие максимална брзина од 298 км/ч и покрај сериозното затоплување, кое било отчитано за време на настанот.
За време на тренинзите екипата пријавила максимална брзина од 302 км/ч, а официјалните податоци за забрзувањето ќе бидат објавени од Меѓународната автомобилска федерација FIA и руската RAF во текот на следниот месец.
Lamborghini Urus е опремен со четирилитарски, V-образен, осумцилиндричен мотор, кој генерира максимална моќност од 650 коњски сили и максимален вртежен момент од 850 Нм.
Во оптимални услови, СУВ возилото може да забрза од 0 до 100 км/ч за 3,6 секунди и од 0 до 200 км/ч за 12,8 секунди. Максималната брзина на движење е 305 км/ч.