Lamborghini Urus со 784 КС и 312 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Novitec, компанија која се занимава со тунирање на возила го создаде најмоќниот Lamborghini Urus досега.

Станува збор за Urus кој доби 4.0 литарски V8 мотор, но и зголемување на моќноста од 782 КС. Всушност купувачите ќе може да одберат една од трите верзии со моќност од 750 до 782 КС.

Тоа значи дека Novitec го набилда Urus за 132 КС повеќе од сериската изведба. Со тоа се зголемени и останатите перформанси. Така до стотка овој SUV сега може да забрза за 3,3 секунди додека пак максималната брзина која може да ја постигне изнесува 312 км/ч.

Овој Urus добива и 14 нови дизајнерски елементи. Модифицирани предни и задни браници, спортски елементи во внатрешноста, но и 23 инчни фелни. Достапен е и во комбинација од 72 различни бои.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK