Новиот сегмент во автомобилизмот наречен Super Sport Utility Venicle се отвора со моделоt Urus од Lamborghini. Овој модел ќе има нов четирилитарски V8-турбо мотор со 650 коњски сили и вртежи од 850 Nm.
Новиот Lamborghini Urus може да забрза до 100 километри на час за само 3,6 секунди, додека до 200 километри на час стига за 12,8 секунди. Имам максимална брзина од 305 километри на час, а во моторот е вграден систем за деактивација заради заштеда на гориво.
„Lamborghini Urus е визионерски пристап заснован на инфузија на ДНК на Lamborghini во најупотребливиот облик на СУВ возилата. Urus го крева на ново досега недостигнато ниво – Супер СУВ. Тоа е вистинскиот Lamborghini по прашање на дизајн, перформанс, динамика и емоции“, вели претседателот на Automobili Lamborghini, Стефано Доменикали.
https://youtu.be/Xo1pEPoYi8Y
Името и на овој модел на Lamborghini носи име на шпански борбен бик, а Urus поточно е Aurochs. Моделот со себе носи шест различни видови на возење, па возилото е лесно прилагодливо на различен терен. Во своите опции има: Strana (автопат), Terra (земја – off-road), Neve (снег), Sport, Corsa (патека) и Sebbia (песок).
Очекувањата се Lamborghini Urus да се најде во продажните салони во текот на пролетта во 2018 година, а цената која се очекува за во Европа најверојатно ќе биде 171.429 евра.