Долго очекуваниот СУВ на Lamborghini е сѐ поблиску до промовирањето, а како се приближува тој датум така и повеќе детали околу моделот се објавуваат. Шефот на компанијата Стефано Доменикали во интервју за Аутоњуз изјави дека Lamborghini Ursus ќе има 650 Кс твин-трубо V8 мотор како стандард, а плаг-ин моделите ќе бидат достапни една година откако прво ќе дојдат овие со мотори со внатрешно согорување.
Планот на Lamborghini е да произведе 1.000 возила Ursus во 2018, а почнувајќи од 2019 година таа бројка да се зголеми на 3.500 на годишно ниво. Ако побарувачката се зглемува тогаш и производството ќе го следи тој тренд.
Новиот модел се очекува да биде промовиран до крајот на годинава во фабриката во Сант Аганта. Во истаа фабрика се прават и моделите Huracan и Aventador.
Ursus ќе биде базиран на истата платформа како и другите големи СУВ модели од VW групацијата, вклучувајќи го и Audi Q7, Bentley Bentayga и следната генерација на Porsche Cayenne.