Спортскиот бренд во портфолиото на Volkswagen се пофали со одлични продажни перформанси за првата половина од годината. Како што соопштуваат од италијанскиот производител, во првите шест месеци годинава биле продадени 2.327 автомобили ширум светот.
Ова претставува пораст од 11% во однос на истиот период минатата година, а дека ова е одличен перформанс говори и фактот што во првите шест месеци годинава се продадени повеќе автомобили отколку во целата деловна 2014 година.
Најпродаван модел годинава е Huracan со продадени 1.604 примероци по што следи Aventador со продадени 673 примероци. Од компанјата очекуваат оваа деловна година да биде најуспешна во историјата на брендот, а овие предвидувања се темелат на оптимистичките проекции поврзани со продажбата на Urus.