Како резултат на соработката со компанијата 24Bottles, Automobili Lamborghini објави дека компанијата стартува со продажбите на спeцијалната серија на термо шишиња. Претставниците на специјалната серија 24Bottles for Automobili Lamborghini се направени со рачно нанесени маскирни шари, слични на оние што се користат на Lamborghini Aventador SVJ за време на рекордната обиколна на пистата Нирбургринг-Нордшлајф од 2018 година.
Во специјалната серија се вклучени термо шишиња Clima Bottle, кои се со двоен слој и дополнителна изолација и нудат зачувување на температура до 12 часа за топло и до 24 часа за ладно.
Aventador SVJ, со кои Lamborghini постави нов рекорд за сериски автомобил на легендарната писта Нирбургринг-Нордшлајф со време од 6:44.97 минути, е најмоќниот V12 автомобил на брендот. Максималната моќност на моторот на суперавтомобилот, кој тежи само 1525 килограми е зголемен до 770 коњски сили при 8500/минута, а максималниот вртежен момент е 720Нм при 6750/мин.
Со оптимизација на секој еден од елементите и агрегатите, во овој дел и со специјално развиетните Pirelli P Zero Corsa гуми, Lamborghini Aventador SVJ е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди, од 0 до 200 км/ч за 8,6 секунди, а максималната брзина на движење на автомобилот е над 350 км/ч. Во исто време за запирање од 100 км/ч до 0 се неопходни само 30 метри.