Lamborghini го повлекува Aventador – причината е вратата

ОБЈАВЕНО НА:

Lamborghini соопшти несекојдневна вест – ќе започне со повлекување со значителен број на автомобили од моделот Aventador.

Како што стои во соопштението на италијанскиот производител, поради проблем со затворањето на врата, компанијата ќе направи повлекување на стотици примероци од овој модел.

Со повлекувањето се опфатени сите примероци произведени во периодот од 3 декември 2019 до 22 јануари годинава. Дел од нив се веќе повлечени, а дел ќе бидат повлечени во наредниот период.

Целата постапка на повлекување и фиксирање на проблемот ќе биде спроведена бесплатно од страна на Lamborghini односно сопствениците нема да имаат дополнителни трошоци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK