Lamborghini доби уште една награда во Италија. Станува збор за наградата “Top Employer Italy 2021″ која се доделува на најдобриот работодавач во оваа земја.
Наградата е доделена од страна на Институтот за најдобри работодавачи, а во фокусот се земени највиските стандарди на квалитет и начинот на кој се управува со човечкиот капитал.
“Во година во која доминира пандемијата, оваа награда е уште повредна. Нашата компанија одма реагираше на предизвиците сметајќи ги нашите вработени како апсолутно приоритетни” изјави директорот за човечки ресурси на Lamborghini, Умберто Тосини.
Во производствените погони и останатите административно-развојни центри, италијанскиот производител вработува близу 2 илјади лица.