Руската гордост Lada се соочува со големи проблеми. Периодов го забележува најголемиот пад на продажбата со што продолжува тригодишната агонија.
Француски Renault ја купи Lada, но иако се очекуваше експанзија на останатите пазари од поранешниот Советски Сојуз, сепак Lada забележа скромни финансиски подобрувања, но не и продажни.
Во октомври годинава, според податоците што ги соопшти Lada, компанијата забележала пад на продажбата од 5,5% во споредба со истиот месец минатата година. Вкупната продажба годинава на Lada од почетокот на годината до крајот на октомври изнесува нешто над 300 илјади продадени автомобили.
Од Lada наведуваат дека причина за лошите резултати се генералниот пад на побарувачката за нови автомобили во Русија.