Lada Vesta Sport со два нови мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе се познати некои технички карактеристики и детали за најмоќната сериска верзија на седанот Lada Vesta која ќе ја го носи додавката Sport во името. Автомобилот беше претставен минатата година, но неговите технички карактеристики се уште не се објавени.

Според најновите фотографии седанот ќе има 1,8-литарски бензински мотор, создаден од Lada Sport и ќе има до 149 КС. Модифицираната Lada Vesta Sport ќе се нуди и подостапна цена за варијанта со 1.6 литарски мотор со моќност 140 КС од Lada Kalina NFR.

Од Lada Sport можат да подготват уште посилна варијанта на моторот 1,8 L со моќност од 180 КС. Ако оваа опција оди во производство, таа ќе биде понудена како ексклузивна серија

Седанот Lada Vesta Sport има помоќни уреди за сопирање со задни дискови. Други се пружините и амортизерите кои ќе ја направат суспензијата посилна. Седанот исто така ќе има оригинален аеродинамичен пакет. На сликите за ентериерот се гледаат седишта со подобра странична подршка и управувачот со три краци, кои исто така ќе влезат во сериско производство.

Почеотокот на производството на Lada Vesta Sport е планиран за февруари следната година, а кај дилерите првите примероци треба да се појават во април 2018 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK