Од компанијата Lada објавија дека на 24 септември во присуство на Лука де Мео (извршен директор на Renault S.A) и Ив Каракацанис (претседател на Avtovaz), Avtovaz JSC го произвел автомобилот под реден број 30.000.000.
Јубилејниот автомобил, кој ќе остане како експонат во музејот на брендот е верзија на седан на моделот Granta од специјалната #Club серија.
„Првата Lada целосно ја смени автомобилската историја на Русија. VAZ 2101 овозможи мобилност на милиони и Lada Granta ја продолжува оваа голема историја. Денес тоа е најпродаваниот автомобил во Русија. Granta има ескпресивен дизајн, нуди увереност во сите ситуации и претставува перфектен сооднос понуда/цена“, вели Каракацанис.
„Би сакал да и се заблагодарам на екипата зад Lada Granta и на целиот тим на Avtovaz“, вели претседателот на Avtovaz.