Lada работи позитивно

ОБЈАВЕНО НА:

Рускиот автомобилски гигант АвтоВАЗ го објави финансискиот отчет за 2018 година, кој е направен според меѓународни стандарди за финансиски отчет. Според него за девет месеци во 2018 година компанијата успеала да дојда до заработувачка од 5,4 милијарди рубљи што е еднакво на 71,6 милиони евра.

Во истиот период минатата година компанијата имаше загуба од речиси 60 милиони евра. Сето ова се должи на еден од главните акционери Renault, кои успеаја да го донесат и овој бренд до заработувачка. Инаку, главни акционери во АвтоВАЗ се Renault и Ростех.

Двете компании ја капитализираа компанијата и успеаја да ги трансформираат и подмират долговите од 820 милиони евра во акции, а покрај тоа добија компензација и од Nissan во износ од 24 милиони евра поради предвремено раскинување на договорот на некои од моделите од јапонскиот бренд.

За првите десет месеци од годината компанијата има продадено на внатрешниот пазар 259.129 автомобили Lada, а извезени се 27.398 возила. Главните надворешни пазари се во Казахстан и Белорусија, но пред оваа година географијата на извозните автомобили Lada беше зголемена со уште две земји и тоа Тунис и Чиле.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK