среда, 25 декември, 2025 година

Лада пушта пикап што ќе може да се товара до еден тон

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Рускиот производител на Лада ќе лансира пикап направен врз основа на моделот Granta, кој ќе се карактеризира со зголемен капацитет на товарање. Таквото возило може да пренесува стоки до еден тон. За споредба, пикап-камион базиран на УАЗ може да оптовари до 765 килограми. На тој начин Лада ќе стане конкурентна и во овој сегмент на возила.

Може да се претпостави дека за зголемување на товарноста ќе се користи засилена каросерија но компанијата не откри повеќе детали. Ако таков модел се појави во продажба, тогаш може да се претвори во најпристапниот пикап на пазарот.

- Advertisement -

Според статистичките податоци за продажба во 2019 година, пикапот UAZ се смета за најбаран автомобил во овој сегмент во Русија. За 12 месеци, овој модел беше продаден во 3.600 примероци (-5,2 проценти во однос на 2018 година). На второто и третото место во Русија се наоѓаат Toyota Hilux и Mitsubishi L200, кои се продадени во количини од 3.180 и 2.019 единици.

Лада важи за издржлива автомобил и влегувањето во сегментот на пикап возила сигурно ќе значи и зголемена продажба не само во Русија туку и на пазарите кад еим апотреба од вакви лесно доставни возила по попристапни цена.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја