Lada отсега ќе се купува само како половна – Русите донесоа одлука!

ОБЈАВЕНО НА:

Рускиот производител Lada донесе одлука да се повлече од пазарите на Балканот, потврди во официјално сооопштение AvtoVAZ. Оваа одлука стапува на сила веднаш, покрај од Македонија и останатите земји, рускиот производител се повлекува и од останатите европски пазари. Уште лани беше донесена одлука да се запре испораката на моделите на Lada на пазарите од ЕУ.

Главната причина за оваа одлука е новата построга регулатива за издувните гасови, регулатива која Lada не ја исполнува. Истовремено, од AvtoVAZ објавија дека врз одлуката големо влијание има и зголемената побарувачка за возилата на Lada на рускиот пазар.

Со повлекувањето од Балканот и пазарот од Европската Унија, возилата на Lada покрај во матичната Русија ќе бидат достапни уште и во Белорусија, Украина и останатите земји од поранешниот Советски Сојуз, со исклучок на Балтичките Естонија, Летонија и Латвија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK