И Lada Niva не е повеќе тоа што беше. Преземањето на Lada од страна на Renault-Nissan Алијансата како и назначувањето на нов дизајнерски тим од пред неколку години придонесе за Niva да го напушти традиционалниот дизајн и да прерасне во нов, модерен и многу привлечен SUV возило.
Овој концепт кој е под називот 4×4 Vision е претставен на саемот за автомобили во Москва и токму овој концептен автомобил треба да го најави новиот модел Lada Niva 4×4. Концептт премиерно го претстави Стив Матин, шефот за дизајн во AvtoVAZ за кого може да се каже дека успеал да интегрира модерна дизајнерска филозофија во руската легенда.
Како и за останатите модели кои ги претстави на овој саем AvtoVAZ не открива многу информации околу техничките и комерцијалните карактеристики на овој концепт. Она што е познато во јавноста произлегува од руските медиуми кои тврдат дека новата Niva ќе се појави кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година.
Овој SUV кој е 420 цм долг ќе биде опремен со 1.8 литарски бензински мотор со 122 КС, а со него доаѓа и целосно нов трансмисионен систем. Тука е и целосно новата внатрешност каде се додадени бројни нови детали, а централно место зазема LED дисплејот осетлив на допир преку кои може да се зададат најразлични команди на автомобилот, а истовремено да се интегрираат повеќе смарт уреди.
За прв пат овој модел се појавува во 1977 година, а интересно е што се произведувал на девет локации во светот и тоа во Амам (Јордан), Кито (Еквадор), Букурешт (Романија), Черкеси (Украина), Каиро (Египет), Монтевидео (Уругвај), Тољати (Русија), Тебес (Грција) и Каменогорск (Казахстан).
Во зависност од пазарот Lada Nivа во светот е позната и под името Diva (Уругвај), Cossack (Велика Британија), Job (Италија), Taiga (Германија), Bushman (Австралија) итн.