Lada Niva ќе има, но нема да биде нова!

ОБЈАВЕНО НА:

Соопштението на Министерството за индустрија и трговија на Русија покажува дека GM-АвтоВАЗ наскоро ќе претстави нова варијанта на Niva. За жал други информација кои се официјални во моментов недостигаат, но според непотврдени информаци станува збор не за нов модел, туку за порадикална модернизација на актуелниот модел.

GM-АвтоВАЗ не располага со доволно средства за целосно нов модел и автомобилот ќе добие само нов изглед. Не е познато дали промената ќе претставува длабоко редизајнирање или само мало обновување.

Пред извесно време се појавија предвидувања дека новата „Нива“ никогаш нема да се појави бидејќи концернот General Motors не сака да пушти средства за овој проект, а за АвтоВАЗ не е профитабилно да прават конкурент на идната Lada 4×4, која ќе се базираа на агрегати на Renault.

На тој начин ќе се дојде до компромисна варијанта, а спектакуларниот концепт, покажан во Москва во 2014 година нема да влезе во серија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK