Lada Niva е повторно руска – моделот се враќа на сцената

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот производител на автомобили од Русија, AvtoVAZ, произведуач на автомобили од брендот Lada, во јануари најави купување на удели на американската корпорација General Motors во заедничката фирма GM-AvtoVAZ, која од 2002 година го произведува теренецот Chevrolet Niva. Оттогаш, знакот на Chevroleto го снема од сајтот на заедничката компанија.

Оваа недела, GM-AvtoVAZ ја пререгистрираше фирмата под ново име „Lada Zapad Toljati“ (односно „Lada Zapad TLT“), што значи дека познатото име Niva повторно се врати под закрилата на матичната компанија. Како потсетување, откако почна производството на моделот Chevrolet Niva, класичната Niva стана Lada 4×4, a нејзината „мала теренска“ верзија Lada Urban.

Планот на старо-новата компанија е до крајот на оваа година да ја осовремени и рестилизира Niva и од неа да го тргне името и амблемот Chevrolet. Тоа значи дека овој автомобил наскоро ќе го го носи името Lada Niva.

Се очекува рестилизирањето да има стислки карактеристики кои дизајнерот Никита Чијко ги предложи пред неколку месеци, а кои содржат карактеристики на дизајнот на новите возила Lada – предна „Х“ маска. Со оглед на то што Chevrolet Niva во последно време бележи пад во продажбта, се очекува рестилизирањето на овој теренец да може да ја поправи позицијата на рускиот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK