Иако не на нивото како САД, Кина и Индија, сепак рускиот пазар на автомобили е и тоа како од интерес на големите автопроизводители. Со цел да го зголемат пазарното учество голем број познати производители изминатите години отворија производствени погони во Русија, но се чини засега тоа е залудно.
Доминацијата на руската легенда Lada и натаму трае, а тоа го покажуваат последните продажни резултати за минатиот месец. Така во мај годинава Lada Granta е најпродаваниот автомобил во Русија со продадени 11.095 примероци што претставува пораст од 31% во однос со мај минатата година. Со 8.818 продадени автомобили на втората позиција се најде Lada Vesta додека на третата позиција е Kia Rio со продадени 8.365 автомобили.
AvtoVAZ, компаниајта која ги произведува Lada автомобилите во мај годинава продаде 29.739 нови автомобили што е за речиси 10 илјади повеќе од Kia на втората позиција. На третата позиција се наоѓа уште еден јужнокорејски производител, Hyundai со продадени 14.891 автомобили. Европските производители засега се далеку од врвот и значителен пазарен удел.