И Lada може да мине 1.000 км. со едно полнење

ОБЈАВЕНО НА:

Русите објавија две интересни модификации на Lada, кои се опремени со фабрички уреди на метан. Покрај уредите на плин, особено популарни се и оние на метал кои истовремено се и многу економични.
Моделите што се претставуваат се Largus и Vesta, а се додаваат и ознаката CNG за компримиран природен гас.

Што се однесува до карактеристиките на автомобилите, се знае дека моторот на Lada Vesta CNG развива 98 КС, што е помалку од осум коњи од бензинската верзија. Со CNG системот може да се патува на растојание од 1.000 километри со само едно полнење.

Автомобилите се опремени со италијански систем OMVL Gemini. Резервоарите за метан се инсталирани во багажниот простор, но се покриени со пластичен покрив.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK