Купивте возило во Германија – проверете дали било претходно такси

ОБЈАВЕНО НА:

Годиниве наназад стана мода да се увезуваат половни возила од странство, првенствено од Германија кои во нашата земја ги преплавија патиштата, а многу од тие возила задоволуваат најниски нивоа на загадување, и се далеку од современите превозни средства. Речиси секое увезено возило од Германија се продава под изговорот дека „го возела баба“, “се користел само на автопат“, „било второ возило во семејството и било само за градски услови“. Но, многу често се подметнуваат и користени такси возила, кои имаат зиминато и милиони километри. Како да се препознае дали некој сака, или веќе ви подметнал такси возило. Ова е особено лесно ако сте со намера да купите половен Mercedes.

Купувањето половно возило е како купување „мачка во вреќа“ и никогаш вистински незнаеш што си добил додека не почнеш повеќе да ја користиш. Тогаш на виделина излегуваат сите проблеми, и со почеткот на истражувањето се доаѓа до шокантни заклучоци, околу одржувањето па и изминатите километри.

За да не бидете измамени најдобро е возилото што сакате да го купите да има валидна сервисна книшка, уредно пополнета. Уште подобро е автомобилот да може да се приклучи на компјутер во овластен сервис и таму да ја добиете целосната дијагноза.

Клучно при препознавање дали вашето „ново“ возило претходно се користело како такси е шифрата на бојата на каросеријата. Кај Mercedes на шасијата на возилото постои и плочка на која покрај бројот на шасијата се наоѓа и шифрата на фабричката боја.
Ако решите да купите луксузен Mercedes и покрај бројот на шасијата стои и шифрата C623, тогаш тоа возило мора да има Light Ivory боја. Тогаш сигурно бил користен како такси.

Ако пак има друга боја, тогаш значи дека бил префарбан. Шифрата на бојата на секој производител е достапна на интернет. Ова е особено важно да го запоменет. Ако веќе решите да дадете нешо повеќе пари за луксузно половно возило од Германија, малку истражување нема да биде на одмет.

Ако пак плочката е отстранета или не се гледаат сите детали и бројки тогаш тоа е уште еден знак дека нешто не е како што треба.

Отворете добро очи..

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK