Купивте автомобил – Kолку години ќе има делови за него за одржувате?

ОБЈАВЕНО НА:

Купувате автомобил, по можност нов, го покажувате на соседите, тие ве пофалуваат за изборот, а тука има и малку завидување. Со тек на времето станува само превозно средство за свои потреби, а потоа потребите треба да ги задоволите и на автомобилот, а тоа се замена на одредени делови. Колку долго производителот односно сервисерот ќе има резервни делови за автомобилот?

Кај овластените сервиси постојат одредени правила, а формалното прицврстување е пакет мерки донесени од Европската комисија под покровителство на Ecodesign директивата (2009/125/EC). Таа дефинира многу од ова, времето кога ќе станете и ќе ги измието забите го препушта на вас, но затоа сето на мерки го дефинира со достапност на резервните делови кои можат да ги вклучат и автомобилите, а вклучувајќи и фрижидери, машини за перење, машини за миење садови, фен и слични уреи, кои во домаќинството создаваат досаден звучен пејсаж, но без нив не се може. Последниот пакет на мерки усвоен на 1 октомври во 2019 година, а ќе почне да се применува од 2021 година.

Што вели Европската унија? Производителите, увозниците и овластените дилери се должни да обезбедат резервни делови после престанувањето на производството до седум години, за деловите кои се достапни само во професионалните сервиси односно до десет години за делови достапни на сервисерите и другите граѓани.

Резервните делови мораат да бидат достапни најмалку 15 дена откако ќе ги побарате. Здружението на европски произведувачи на автомобили, пак, наведува дека за поголемиот број на возила е осигурана достапност на оригинални резервни делови полни 15 години. Нив главно ги произведува доставувачот од првото вградување, а некогаш се земаат и од подизведувачите односно добавувачите на делови.

Значи индустрискиот стандард во Европа е 10 години. Сепак, некои производители на автомобили како Renault имаат и свои поволни брендови (Motrio), кои гарантираат достапност на резервни делови и за постари возила. Како е со трговците кои не се дел од овластената мрежа? Од еден е добиен одговор дека нема правила. Сите, имено, зависат од побарувачката. Може автомобилот да биде и многу постар од десет години, а деловите ќе има доколку се работи за модел кој  бил популарен.

Од друга стран многу често се случува одреден дел од еден автомобил да може да се користи и на друг модел, а тоа најдобро ќе ви го препорачаат мајсторите, особено оние маалски кои сервисираат се и сешто. Но, најдобро е да се обидете кај овластер сервисер.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK