Купи Hyundai исто како кога купуваш пица

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai во Велика Британија од следната година стартува со он-лајн продажба на автомобилите. Купувањето на ново возило ќе биде лесно и едноставно како и он-лајн купување на пица.

Нарачката на нови возила од 6 јануари 2017, според Hyundai, ќе се реализира лесно и едноставно преку нивната Интернет страницата Click To Buy (Клик ту бај).

Од фирмата објаснуваат дека сите модели на Hyundai, што ќе се понудат преку Клик ту бај ќе имаат фиксни цени, без можности за преговарање за висината на цена со цел да се добие поповолен договор на новиот автомобил.

На Клик ту бај, купувачот ќе може да добие да направи замена за стариот автомобил со доплата за нов, да одбере карактеристики и опрема за новиот автомобил, да го договори начинот на плаќање и да изврши плаќање на депозит преку лап топ, мобилен или таблет. Со тоа он-лајн се комплетира купувањето на возилото, а со купувачот се договара термин кај дилерот да го достави старото возило, да ги потпише купопродачните документи и да го подигне новиот Hyundai. Постои можност за испорака на возилото, но купувачот ќе мораат да одат кај дилерот за да го потпишат договорот.

Купувањето на Hyundai ќе трае 5 минути и за оние кои плаќаат во готово. За нив, пак, е обезбедена и достава на возилото, со тоа што возачот штом ќе го испорача новото возило треба да го земе старото возило, без други обврски за купувачот.

Сајтот на почетокот ќе ги понуди сериите i10, i20, i30, Tucson и Santa Fe. Повеќе модели ќе бодат додадени во текот на 2017.

Претседателот и Главен извршен директо на Хјундаи В. Британија, Тони Вајтхорн вели дека ова е само почеток на понудите кои Hyundai ги подготвува за потрошувачите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK