Kumho ja има првата хибридна гума: Ред воздух, ред гума – тешко ќе се дупне

ОБЈАВЕНО НА:

Здружението на дизајнери во Америка (IDSA) својата годишна награда ја додели на две автомобилски гуми Kumhо. Наградата IDEA ја добија гумите e-NIMF и e-TOPs.

Првата гума е концепт на Kumhо со кој се занимаваат многу произведувачи, а тоа е гума која не е полнета со воздух. Нејзината карактерирситика е многу долг работен век, а кога газечкиот слој ќе се потроши лесно може да се замени со нов. На овој тип на гуми работат и произведувачите како Bridgestonе и Michelin, а тие најавуват дека својот модел Uptis ќе го комерцијализираат веќе во 2024 година.

Втората гума на Kumhо која е уште поинтересна од првата е e-TOPs и веројатно е првата хибридна гума, која го комбинира сегментот кој не е полнет со воздух со друг кој е полнет со воздух.

Делот на гумата кој не е полнет со воздух се наоѓа на врвот до газечкиот слој. Во Kumhо најавуваат дека оваа гума ќе ги задржи сите предности на гума полнета со воздух, а истовремено ќе биде тешко да се дупне.

Kumho ги развива двете гуми, а засега уште не е познато кога ќе бидат подготвени за сериско вградување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK