петок, 25 ноември, 2025 година

Кумановци се рекордери: Полицијата казнува по четворица на 3 минути

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Покрај засилените мерки на контрола во сообраќајот во Скопје, МВР врши контроли и во другите градови низ Македонија. Откако пред некој ден во Гостивар беше забележано дека за 60 минути се казнети 60 прекршители, сега новиот рекорд доаѓа од Куманово. Таму за само еден час биле санкционирани 80 лица, односно биле напишани четири казни на три минути.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл.,а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, вели Тони Ангеловски портпаролот на МВР.

- Advertisement -

Тој апелираше до граѓаните на Кумановода ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Куманово изречени се 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, пречекорена брзинаи др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола ќе бидат презентирани утре.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29 септември) на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изрече вкупно 374 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола се казнети 24 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 92 лица, технички неисправни и нерегистрирани возила 16, биле санкционирани и 27 мотоциклисти.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја