Куфер возило ги решава проблемите со паркингот и метежот (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Проблемите со наоѓање паркинг простор во центарот на големите градови, но истовремено и да бидете мобилни е главна задача околу која сите бараат решение. Не е само зголемување на бројот на паркинг места, туку и како да се движите низ метежот.

Босанецот Елвис Цере од Мостар има решение за двете работи. Овој машински инженер изработил проект иновација на практично и едноставно решение, превозно средство на три тркала, едносед со електромотор, односно комбиниран погон што го нарекол City.

Но, предноста на ова возило односно превозно средство е во тоа што во секој момент може да се склопи во куфер. Голема предност е што и така собран погонската гума останува активна и куферот може да го движите заедно со вас.

Според зборовите на неговиот иноватор, City може да се движи по автопатишта и патеки за велосипеди без оглед на временските прилики. Основната цел на City е олеснување на корисниците да имат превоз од едно до друго место со минимално трошење на време и пари.

Изумот има и педали кои се во хоризонтална положба, а со помош на механизам во задниот дел на конструкцијата се контролира движењето напред и назад. Од предната и задна страна има и заштитен панел и ветробранско стакло со кое корисниците се штитат од лошите временски услови. Постои можност и за затворање на страниците со одреден флексибилен материјал.

City посеува два извора на регенративно полнење на батерии, регенеративно сопирање и фотонапонски келии. Не произведува бучава и не ја загадува околината, а се полни едноставно.

Возилото е прилагодено за личност со висина до 180 см и тежина до 150 кг., а може да развие и максимална брзина од 55 км/ч.

Изработката на протитипот на City е во тек.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK