Иако во март во Кина на сила беа значителен број на мерки кои беа рестриктивни во однос на трговијата и движењето, Tesla успеа да оствари значителен пораст на продажбата во оваа земја.
Како што пренесува LMC Automotive, во март забележана е регистрација на 12.709 примероци на Tesla автомобили што е пораст за околу 450% во однос на февруари кога се регистрирани 2.314 Tesla автомобили.
Овој одличен резултат доаѓа откако во февруари, но и март, вкупната продажба на нови автомобили во Кина значително се намали (до 79%) како последица од кризата предизвикана од Коронавирусот.
Во Кина, Tesla значително ја зголеми продажбата и своето присуство откако ја изгради фабриката. Дополнително, овој месец претстави две специјални верзии од моделот 3 наменети за овој пазар па се очекува во наредните месеци и покрај ограничувачките фактори, продажбата значително да се зголеми.