Иако привремено запре со редовното производство на автомобили, сепак Ferrari има големи планови за годинава.
Кризата предизвикана од коронавирусот која резултира со намалена побарувачка на автомобили не е пречка за Ferrari да претстави два нови модели до крајот на оваа година.
Одговорниот за маркетинг во Ferrari, Енрико Гаљиера во интервју за Autocar ја соопшти оваа вест. При тоа не откри дополнителни информации за тоа за какви модели станува збор.
За потсетување, минатата година Ferrari претстави неколку нови модели, Roma, SF90 Stradale, F8 Tributo, F8 Spider и 812 GTS.