Кристијано Роналдо си нарача автомобил од 9 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај што е одличен фудбалер на зелените терени, Кристијано Роналдо е и голем љубител на спортски автомобили. Bugatti, Ferrari, Lamborghini, Porsche се само дел од брендовите кои се наоѓаат во неговите гаражи.

Неговото име повторно го обиколи светот на автомобилизмот по веста дека токму тој е купувач на еден од неколкуте примероци од Bugatti Centrodieci. Сите 10 примероци што се планирани за продажба се веќе резервирани иако истиот се уште не е излезен од производната лента.

Според пишувањата, португалскиот интернационалец и во моментов фудбалер на Јувентус, за ова задоволство издвоил 9 милиони евра, што е за двојно помалку од парите кои минатата година ги инвестираше за Bugatti La Voiture.

Bugatti Centodieci

Инаку овој автомобил располага со 8 литарски мотор со 16 цилиндри при што развива неверојатни 1.600 КС. До стотка според официјалнтие податоци развива за 2,4 секунди, а маскималната брзина е ограничена на 380 км/ч.

https://www.instagram.com/p/BPKCal6gw41/?utm_source=ig_embed

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK