Според последните проценки, богатството на Кристијано Роналдо надминува половина милијарда евра. Со такво „брдо“ од пари воопшто не е чудно што Португалецот троши многу на својата омилена страст – суперавтомобилите.
Напаѓачот на Јувентус има импресивна колекција во која има собрано некои од најскапите и брзи автомобили на планетата.
Фудбалерот ја почитува традицијата да им се пофали на навивачите со неговата нова аквизиција на Instagram. Со основна цена од 240.000 фунти (272.295 евра) моделот McLaren Senna не може да се мери со суперскапите Bugatti или Ferrari F12, но дефинитивно има со што да им даде отпор на патот.
https://www.instagram.com/p/Bx2IXW2oxtg/
Возилото има 4 литарскиот V8 битурбо мотор со моќност од 800 КС. и му овозможува на автомобилот од 1.198 килограми да забрзува од 0 до 100 км / ч за 2,8 секунди. и да развие 340 км / ч.