Креаторот на Android направи и мобилка – конкурент на iPhone и Samsung

ОБЈАВЕНО НА:

Креаторот на Android, Анди Рубин го откри дизајнот на новиот паметен телефон, на кој работеше изминатите месеци. Рубин за таа цел ја формираше и неговата нова компанија Essential.

Оперативниот систем на уредот е Android во кој се вклучени нови интересни можности, кои јасно укажуваат дека се подготвува да биде директна конкуренција на поскапите модели на Apple и Samsung.

Највпечатливиот детал од фотографијата на мобилката е екранот, кој се протега речиси преку целата предна страна, и тоа блиску до ивиците и продолжува околу предната камера. Големината на екранот е 5,7 инчи, со што е поголем и од екранот на iPhone 7 Plus од 5,5 инчи.

Мобилката има можност на неа да се монтира и камера што снима 360 степени, како и други аксесоари. При тоа, додатната камера може да се нарача заедно со мобилниот апарат.

Essential веќе прима нарачки за апаратот. За 749 долари корисникот може да добие апарат со 128 GB внатрешна меморија и камерата за снимање 360 степени. Ако сакате само мобилен апарат, тој чини 699 долари. Единственото ограничување за овие апарати е што во моментов се нудат само на американскиот пазар.

Уредот е опремен со 4 GB RAM и Qualcomm 835 процесор, како и со 13 MP задна камера и 8 MP предна камера. Двете камери снимаат 4K видеа.
Обвивката е од титаниум и керамика и се нуди во четири бои “Black Moon” (сјајна црна), “Stellar Grey” (мат темна сива), “Pure White” (сјајна бела), and “Ocean Depths” (зјајно зелена со бронза на страните).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK