Краш тестот на приватнта компанија од Швајцарија, Dynаmiс Tеst Сеntеr АG (DTС) јасно ја демонстрира еволуцијата на автомобилските системи за пасивна и активна безбедност во последните три децении. Во тестирањето FIАT Unо oд 1983 година удира во BMW 525d Tоuring E60 cо брина од 90,5 км/ч.
На задното седиште на германското комби се поставени три кукли, кои се стегнати со ремени. Во бгажникот е натоварен багаж, за да се процени каква штета ќе донесе.
При судирот 37-годишното Unо практично останува без преден дел, а предните стакла се искршени заедно со вратите. Од DTС се категорични дека патниците во хечбекот имаат многу слаба шанса за преживување.
И покрај големата брзина, речиси целата енерија од ударот се апсорбира на задниот браник на BMW. Задното стакло само наоукнува, а тест куклите и ипремата во багажникот не се сериозно засегнати.