„Кралот“ останува на тронот – Golf e најпродаван модел во мај во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Прогнозите се дека на автомобилската индустрија во Европа ќе и требаат барем две години да се врати на „нормалата“ - сега сите пазари бележат „дебели минуси“. Во Топ-10 има само еден неевропски бренд...

Според податоците на продажба на нови автомобили на 44 пазари во Европа, во мај 2020 година лидер останува моделот кој со месеци и години е на врвот – VW Golf. Тој е единствениот што успеал да стигне до над 100.000 купувачи во реме кога поради корона вирусот на сите пазари во Европа и во светот има огромен пад.

Најголем скок во продажбата има моделот VW T-Cross, И тоа за 200,3 отсто. На табелата лидер е Golf со 109.060 продадени возила (и покрај падот од -46,4 отсто). На второто место е Renault Clio со 95.071 продадено возило (-33,9 отсто).

На третото место е уште еден модел на VW, „малиот“ Polo кој запиша 82.474 продадени возила (-45,4 отсто). Поради ситуацијата со коронавирусот на сите пазари има драстичен пад, а прогнозите се дека на автомобилската индустрија во Европа ќе и требаат барем две години да се врати на „нормалата“.

Во Топ-10 има само еден „неевропски бренд“ – Nissan чиј модел Qashkai стигна до 65.764 продадени модели.

Целосната табела на најдобрите 10 продавани возила во Европа во мај 2020 можете да ја видите ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK