Крадците ќе бидат на мака: Ford нуди мониторинг на возилото преку мобилен (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

При активирање на Guard Mode режимот на пример, по завршувањето на работниот ден, на база на неколку сензори, во случај на неправилно отворање на некоја од вратите на автомобилот или стартување на моторот, сопственикот или управителот на возниот парк добиваат известување на мобилниот телефон.

Според истражувањето, на секои 23 минути во Велика Британија крадец влегува во внатрешноста на автомобил, а претензиите на крадците кон возилата се зголемени за повеќе од 50 проценти во 2019 година. Вкупната штета од украдените уреди се во висина од 290 милиони евра.

За да ја зголеми безбедноста на своите продукти за уште едно ниво, а особено на своите патнички автомобили, Ford додава нова функционалност и тоа Guard Mode кон апликацијата FordPass Pro. Новата услуга ќе биде активирана од дистанца од компанијата и постепено ќе се стане достапна за корисниците во целата понуда на брендот.

Новата функционалност Guard Mode е интегрирана во апликацијата за мобилни телефони FordPass Pro, што им овозможува на клиентите да контролираат дел од внатрешните потсистеми и да добиваат ажурирани информации за статусот до пет автомобили истовремено, со што се постигнува подобра ефективност на трговскиот процес.

При активирање на Guard Mode режимот на пример, по завршувањето на работниот ден, на база на неколку сензори, во случај на неправилно отворање на некоја од вратите на автомобилот или стартување на моторот, сопственикот или управителот на возниот парк добиваат известување на мобилниот телефон.

Во активен режим, Guard Mode на FordPass Pro е во состојба да испрати предупредување, дури кога автомобилот е отклучен и/или моторот е стартуван со помош на оригиналниот клуч. Во самата апликација се собира целосна информација за работата на автомобилот вклучувајќи ја и неговата последна локација.

Од Ford најавуаат дека наскоро ќе се прошири функционалноста Guard Mode со можноста за автоматизација на активирањето.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK