Крадец на автомобили уапсен поради необична причина

ОБЈАВЕНО НА:

Осумнаесетгодишен крадец во Кливленд е уапсен откако се обидел да украде автомобил со мануелен менувач, со кој не знаел да управува.

Дамари Вејн со неговиот малолетен соучесник успеале претходно да украдат три автомобили, но сите три со автоматски менувач. Всушност, многу често Американците не знаат да управуваат автомобили со мануелен менувач. Односно, во САД само 3 проценти од новите автомобили имаат мануелен управувач.

Кога двајцата се обиделе да го украдат спорниот автомобил, Вејн со пиштол му се заканил на сопственикот и побарал да го научи да управува со мануелниот менувач.
Сопственикот на возилото, кој има 23 години, се обидел да им покаже како се управува возилото, но, обидот завршил неуспешно за крадците и тие го напуштиле возилото. Вејн, при тоа, со себе ја понел и мобилката на сопственикот на возилото, преку која полицијата ги лоцирала и уапсила на железничката станица.

Двајцата крадци се соочуваат со судска постапка поради повеќе прекршоци, а се обвинети и за насилство.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK